Автор Тема: Благодети на природата  (Прочитано 7790 пати)

Отсутен VirtualA

  • Модератор без ресор
  • Јако момче
  • ****
  • Пораки: 196
  • Пол: Машки
  • Hakuna Matata
Благодети на природата
« на: 18:32:24, 01.03.2010 год. »
Сигурно некој од вас, шетајќи низ природа и планини, понекогаш и собира билки, тревки па и печурки. Јас од неодамна почнав да учам за растенијата и печурките кои се наоѓаат во нашите предели, да ги распознавам и собирам. Несомнено е дека сите тие имаат огромен придонес кон нашето здравје, особено тревките и билките.
Исто така сум чул и дека печурките кои ги има кај нас во маркетите (сум сретнал само шампињони и вргањ) биле прскани и без хранлива вредност  :-\

Дали и некој од вас при прошетки има навика да собира плодови и печурки од природата, па да каже кој предели кај нас се богати и со што.

Целта на темава е повеќе да се запознаеме со природата и да ја откриеме нашата поврзаност со неа.

Отсутен VirtualA

  • Модератор без ресор
  • Јако момче
  • ****
  • Пораки: 196
  • Пол: Машки
  • Hakuna Matata
Одг: Благодети на природата
« Одговори #1 на: 18:38:40, 01.03.2010 год. »
Во прилог е извадок од една страна на која што налетав каде има интересни информации околу истото:

  ВРГАЊОТ (Boletus edulis)  со сигурност буди најмногу интерес кај љубителите и собирачите на печурки. Има посебен вкус, извонреден квалитет и хранливост. Местото на растење е во мешаните листопадни шуми, почесто и во иглолисните, од  почетокот на јуни до крајот на јули и од септември па се до крајот на октомври. Вргањот слободно може да се нарече КРАЛ на печурките.

  ЛИСИЧАРКА (Cantharellus  cibarius) личи на паткина нога, со боја како жолчката од јајцето или малку црвено-жолта во средината. Јадлива печурка со врвен квалитет, и разновидна употреба. Расте во листопадните и во иглолисните шуми , по правило во колонии, поретко поединечно. Времето на растење е во јуни , меѓутоа бара доста дождови кои ако ги нема, може воопшто и да не се појави, или само во мали количини.

  СМРЧАК (Morchella conica) Во неверојатниот свет на печурките, смрчакот е една од најнеобичните. Има необични фигури и мириси и се појавува на места на кои другите печурки не сакаат или привидно нема од што да живеат- на песок, на изгниени крпи и весници, на опожарени места...Сепак најчесто го наоѓаме низ јасикови шуми, во раната пролет.Смрчакот е особено вкусна, ценета и скапа габа. Сурова не треба да се јаде, бидејќи предизвикува стомачни болки.

  СОНЧАРКА (СРНДАК)(Macrolepiota procera)овие печурки се препознатливи по својот чадорест изглед, лушпите на шапката и прстенчето во горниот дел од стеблото. Расте по ливади, пасишта, стрништа, шумски чистини, по меѓи, од првата половина на септември , па се до крајот на октомври. Исклучително вкусна печурка , најчесто употребувана во Малешевијата како печена, а може да се суши и да се прави ароматично брашно за чорби.

  ЈАЈЧАРКА (Amanita  caesarea) Карактеристична по портокаловата боја, убавината и вкусот, со право е наречена ЦАРИЦА на печурките. Позната е уште од римско време каде била гозба за царевите. Може да се најде од јуни до октомври , на отворени и топли места, светли шуми и ливади. Јајчарката има смротоносен двојник Amanita muscaria , која се разликува од неа  по изразената кармин-црвена боја на шапката, по која има бели снегулки. Мухарата е една од најубавите печурки , симбол и илустрација на многу цртежи, но колку убава , толку и опасна.

  РУЈНИЦА (БРИКОВКА) (Lactarius deliciosus  ) По боја е бледо жолта до портокалова со бројни потемни дамки  кои се во вид на концентрични кругови и често позеленуваат.Површината и е мазна и сува , а работ прво правилен и свиткан, а потоа брановиден. Оваа печурка на притисот позеленува. Расте во мешовити и иглолисни шуми, особено под борови, во период од октомври до ноември.Особено е добра за конзервирање и за салати.

  ЃУРЃЕВКА (Calocube gambosa) Печурка која расте во ливади и пасишта, рабови на шуми , особено во непосредна близина на диви сливи, во високиа трева, се јавува во големи колонии во форма на кругови или полукругови. Највеќе ја има околу Ѓурѓовден , по што го добила и името.

  ОВЧА НОГА (Hydnum  repandum ) Многу релјефна печурка која на прв поглед многу потсеќа на лисичарката , поради сличноста во бојата и градбата, меѓутоа за разлика од лисичарката, овчата нога на долниот крај од шапката  има иглички кои се доста ронливи. Расте и во иглолисните и во листопадните шуми, во големи колонии.

  ЦРНА ТРУБА (Craterellus cornucopioides  ) Името го добила поради тоа што личи на труба. По боја е темнокафеава до црна. Дршката и е кратка, и полека кон врвот се шири како инка. Сака влажни места и расте во групи од август до ноевмври но, може и да не се роди. Најчесто се употребува сува,  како зачин за чорби и супи.

  НАПОМЕНА: Нема ниту едно општо правило со кое отровните габи би се разликувале од оние што се јадат. Не се јадат сите габи кои растат на дрво , ниту сите оние кои ги јадат разни животни , ниту пак се отровни сите оние кои ја менуваат бојата на месото.

Отсутен VirtualA

  • Модератор без ресор
  • Јако момче
  • ****
  • Пораки: 196
  • Пол: Машки
  • Hakuna Matata
Одг: Благодети на природата
« Одговори #2 на: 18:41:53, 01.03.2010 год. »
   АЈДУЧКА ТРЕВА(БЕЛА РАДА) (Achillea millefolium  ) Ајдучката трева има широка примена. Поради нејзиниот состав се употребува за лечење на болести на желудникот и дебелото црево, жолчката и црниот дроб, го регулира шеќерот во крвта и одличо делува против крварење од хемороиди.

  БОЗЕЛ (Sambikus  nigra ) Грмушка или дрво со многу разгрането стебло. На врвот на гранките цветот е собран во вид на чадор со бела или жолто-бела боја и има специфичен мирис. Чајот од цветот предизвикува потење и затоа се употребува против настинка , грип, воспаление на белите дробови и дишните органи, реума.

 ГЛОГ ( Crataegus  ohyscantha) Средно висока грмушка со разгрането стебло. Гранките се жилави и тврди и полни со трње. Цветовите се со бела или розова боја собрани во метличесто соѕвездие. Глогот лечи од срцеви заболувања, болести на аортата, го регулира крвниот притисок, го јакне срцето, помага при нервна напнатост, несоница, потење, зуење во ушите, страв, вртоглавица, влијае и на попуштање на грчот на крвните садови.

  КАНТАРИОН(ЗВОНИКА) (Hypericum perforatum  ) Кантарионот е билка со ситни ливчиња и развиен цвет со златножолта боја. Се употребува за внатрешно и надворешно лекување. Старите Грци и Римјани го употребувале како средство за прочистување на крвта и за лекување рани. Денес чајот се употребува за подобрување на работата на желудникот и цревата, заболениот црн дроб, за подобрување на мокрењето, бесоница, за регулирање на мензисот, нервната напнатост, камен и воспаленија на бубрези, за ублажување на ишијасот.

   МАЈЧИНА ДУШИЦА ( Thymus serpyllum  ) Надземно полегнато растение со тенко стебло, зелени лени ливчиња и цвет со бело-розева или светло-црвенкаста боја. Има јак и пријатен мирис кој оддалеку се чувствува. Мајчината душица влегува во состав на средства против кашлица, а исто така за правење на забни води и пасти. Лекува од бронхијални грчеви и кашлица, воспаленија на дишните органи, вртоглавица.

   КОПРИВА ( Urtica dioica  L. ) Повеќегодишна билка која расте по напуштени места , крај патишта, огради, потоци, на пониски и повисоки места. За лекување се користи кај следните болести: крварење од внатрешни органи, реума, алергија, намалување на холестеролот. Едно од најважните лекарски дејства на копривата е што стимулира создавање на црвени крвни зрнца и заедно со високата содржина на железо ја подобрува крвната слика.

Отсутен b_gegov

  • Батка
  • ****
  • Пораки: 314
  • Пол: Машки
  • Blagoj Gegov
Одг: Благодети на природата
« Одговори #3 на: 18:42:00, 01.03.2010 год. »
Јас имам некое искуство со собирање на печурки и да речеме знам 7-8 вида кои ги берам редовно (вргањ, срндач, лисичарка, јајчарка, рујница, шампињон, пуфки, имам видено и еден смрчак досега, а за буковка уште чекам да видам).
Во блиска иднина очекувам и да научам по нешто за чаевите, па ќе видиме како ќе биде.
Поздрав
All your children are addicts

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #4 на: 19:36:33, 01.03.2010 год. »
Следниот текст е во целост е преземен од страницата на ALSAT M телевизија и е дело на Фросина Пандурска и е само надополнување на тоа што сакав да го напишам за исчезнувањето на чајот од Јакупица од карпите над долна бабина дупка поради причините наведени подолу во текстот:

„Низ планините во Македонија безмилосно се уништуваат десетици и десетици видови чаеви поради тоа што берачите најчесто растенијата ги корнат од корен. Иако берењето лековити билки е регулирано со Законот за шуми, речиси и да нема регистрирано случај за прекршочни пријави. Но, од ден на ден бројот на некои видови чаеви во Македонија е сè помал. Ваква слика може често да се забележи по македонските планини. Берењето чаеви е задоволство и дел од културата во Македонија. Но, што се случува кога културата почнала да се претвора во некултура, несовесност и трка по пари? Цели планини секоја летна сезона остануваат соголени бидејќи многу несовесни берачи, мислејќи само на профитот, од корен ги корнат чаевите. Со тоа ги доведуваат до исчезнување. Цветан Павловски од Скопје речиси цел живот се занимава со планинарење и собирање лековити билки. Не му беше тешко да ни посочи примери за исчезнати растенија на планините Китка, Баба или на Скопска Црна Гора.

“Со копањето на патиштата и пренасочувањето на текот на водата линцурата исчезна така да скоро и ја нема, бидејќи тие што ја берат ја берат со двата корена... Исто така на Баба планина на Пелистер на врвовите од 2.300 метри имам забележано линцура. Тие се слабо достапни, но луѓето и кога ќе стигнат ги копаат сите корења и не оставаат ниту едно младо коренче за таа да се развие понатаму“ вели планинарот Цветан Павловски. На Скопска Црна Гора порано имало и рододендрон, тоа е алпско растение, грмушка која прекрасно мириса. Но, тоа е веќе уништено и исчезнато растение. Луѓето го береле кога имало цвет, па поради тоа подоцна не можело да се размножи. „...Најмногу уништуваат оние кои не се разбираат, а сакаат да собираат чаеви. Тие ги корнат од корен, а не само да ја исечат билката“ објаснува Павловски. Сите коишто се наоѓаат во планините и сакаат да направат зимска збирка на чаеви мора да водат грижа како ги собираат, затоа што чај треба да им оставиме и на идните поколенија, апелираат биолозите. „Невенот, камилицата и примулата, која е заштитена во Македонија токму заради тоа што луѓето не знаат да ја берат. Таа се бере само цветот со ножички, а луѓето знаат да ја искорнат со корен така што следната година нема да никне и затоа е заштитена“ вели биологот Марија Тодороска. Законот за шуми кој е на сила во државава налага секое лице кое планира да собере повеќе од еден килограм шумски плодови, чаеви, печурки или полжави да мора тоа претходно да го пријави во шумарската служба во планината. Во спротивно, законот предвидува казна од 3.500 до 4.000 евра. Но, во Јавното претпријатије „Македонски шуми“ велат дека никој никогаш не им побарал дозвола за берење чаеви. Уште потрагично е што многу видови исчезнуваат, а шумската полиција речиси и да нема поднесено ниту една пријава за нестручно собирање, уништување и искоренување на чаевите низ нашите планини.“

Апел до сите, не го берете чајот со се корен, оставете можност да се размножи . . .
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #5 на: 02:35:40, 03.03.2010 год. »
Еве едно линкче интерено:

http://www.naturalherbsguide.com/
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #6 на: 02:48:12, 03.03.2010 год. »
Еве едно линкче интерено:

http://www.naturalherbsguide.com/

Сепак слаб линков, другар кој не е на форумов ми рече да го постирам пошто бил ОК, го постирав ама после го разгледав и не ми се допадна. Грешка моја, извинете, :(
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #7 на: 19:57:10, 06.04.2010 год. »
Во прилог на темава, извадок од еден текст кој го најдов по нетов за КОПРИВАТА И НЕЈЗИНОТО ЛЕКОВИТО ДЕЈСТВО

Ако сакаме да ги искористиме сите лековити супстанци од копривата, многу е битно каде се бере. Копривата расте на земја, богата со азот,
па најчесто ја има покрај ѓубришта, улици, од каде што не треба да се бере. Треба да ја береме во чисти предели, подалеко од улиците, покрај реките, на ливади и во шуми.
Во пролет се бере цела, а покасно само врвовите, горните 5-6 листови. Копривата не треба да се кине цела, затоа што иако сама израснала,
сепак мора да ја чуваме. На крајот на летото се бере семето, а во есен се вади коренот. Набраната коприва се става во корпа или во хартиена кеса. Најдобро е ако одма се искористи, иако може да седи и неколку дена во фрижидер. Во листот на копривата се наоѓаат витамините Ц, К и Б2.
Од минералите е богатата со железо, магнезиум, калиум, натриум, фосфор и бор. Копривата содржи и хлорофил, кој е важен антиоксиданс,
целулоза и билни влакна, а исто така има и протеини и јаглени хидрати. Kопривата е лек за прочистување на крвта, против опаѓање на косата,
 ревматизам, грозница, прекумерно мокрење. туберколоза, бронхитис, заболувања на зглобовите, камен во бубрегот, за зараснување на рани,
 против зрачење, чир во желудникот, несоница и нервоза. Чајот од целата билка ја отстранува слузта од белите дробови, ги чисти желудникот, црниот дроб и цревата, а наедно е инзвонреден лек за лекување анемија, жолтица, маларија и сите други грозници, и тоа најмногу преку мочта ги исфрла лошите сокови од телото. Измешана со други билки лекува чир на желудникот или на цревата, ја чисти крвта, го подобрува варењето, ги намалува вознемиреноста и несоницата. Исто така копривата е добар лек против водни болести, гихт, болести на црниот дроб и на бубрезите и несвестица. Коренот се употребува против пролив, крарење од хемороиди и воопшто за запирање на крвавење (надворешно и внатрешно), за растење на косата, против нејзино опаѓање и против првут. Исто така со него се лекува зголемена простата. Свежо набрана коприва пак, се употребува за журење на делови од телото што се заболени од ревматизам, ишијас и невралгија. Хлорофилот од копривата успешно се дава против различни зарази, нарушувања настанати поради лошата размена на материите и анемијата настаната поради лошата размена на материите и анемија настаната по примена на радиотерапија. Хлорофилот од копривата го зголемува намалениот крвен притисок и го доведува на нормала. Затоа во последниве години се дава како додаток при лекување на срцево бoлни лица. Листовите од копривата го помагаат лачењето на млеко во градите.
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #8 на: 23:09:27, 06.04.2010 год. »
ШИПКА

Шипката благотворно делува на дигестивсниот тракт и е одлична во лекувањето на многу заболувања, но во превенцијата е незаменлива. Редовната употреба на чаеви од нејзините црвени бобинки, му обезбедува на организмот оптимално количество на витамин Ц, кој ги спречува зимските настинки и инфекции. Есента е вистинско време за собирање на плодовите од шипките. Бобинките од билката, кои уште ги нарекуваат и дива роза, содржи повеќе витамин Ц од лимонот, портокалот и пиперката заедно.

Чаевите од шипка се најефикасни и се најефтин начин во време на зимските месеци да се внесе во организмот доволно аксорбинска киселина и со тоа да го направат отпорен на настинка, грип и кивавица, кои владеат во тоа време од годината.

Овој чај е со исклучително пријатен вкус, може да се меша со други состојки, децата го сакаат и не постои ниедна причина исушените плодови на оваа билка да не бидат при рака во секое домаќинство.

Дивата роза има и други лековити својства - се користи како средствао за јакнење на организмот и на имунолошкиот систем, ефикасна е во лекување на летни проливи кај децата, помага во случај на заболување на цревата, го олеснува отежнатото болно мокрење, ккаои при растворање на камен во бубрегот.

Освен плодот, лековити се и листовите од цветот, кои помагаат при запирањето на внатрешното крвавење од желудникот и од белите дробови, ги регулираат грчевите во стомакот, а се користи и за лекување на хемороиди. Многу се важни начинот и времето на собирање на плодовите од шипинки. Наесен, кога ќе тргнете во берба на шипки внимателно погледнете го секој плод.

Најдобро е додека е уште тврд, недозреан, во впечатливо силна црвена боја. Тогаш е преполн со лековити состојки. Плодовите се сушат веднаш по берењето, а температурата не смее да биде повисока од 50 степени целзиусови. Треба да се знае дека за килограм суви шипки се потребни 2 килограми свежи плодови.

The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #9 на: 23:13:36, 06.04.2010 год. »
ЛИПА

Липата е листопадно дрво, високо до 30 метри. Листовите на липата имаат долга дршка и се зашилени, цветовите се жолтеникаво-бели, со многу пријатен мирис.
При лекувањето со липа, се користи нејзиниот цвет, кој се користи исушен. Липата цвета во јуни и јули, а се бере кога ќе расцвета 2/3 од цветот. Цветот на липата е благ со многу пријатен мирис, и има сладок вкус. Во цветот на липата има етерично масло, шеќер, восок, танин и многу др. Во лечењето со липа, се користи и листот на липата, како и кората. Во цветот и во листот на липата, има витамин Ц, а младо ливче, може да се користи за салата.
Цветот на липата, најчесто се користи за правење чаеви, кој постигнува потење и ублажување на грчевите. Исто така се користи, и во случај на прехлада, хронично кашлање и пролив, како и за залечување на изгорениците и раните. Липата се користи и како лек против несоницата, артерио склероза, која како последица има и зголемување на крвниот притисок, а липата се употребува и за подобра циркулација на крвта.
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #10 на: 23:16:43, 06.04.2010 год. »
МАЛИНА

Малината е вкусна овошка која се одгледува во сите региони со умерена клима. Плодовите се богати со антиоксиданси кои ги неутрализираат слободните радикали во телото, спречувајќи го на тој начин оштетувањето на клетките. Малините спаѓаат и меѓу природните дарови кои се најбогати со растителни влакна (влакната сочинуваат 20 проценти од тежината на плодот). Овие овочки содржат и витамин Ц, манган, како и витамини од групата Б, фолна киселина, магнезиум, бакар и железо.
Треба да се истакне и дека малината е една од малиот број овошки чија консумација нема големо влијание врз количевството на чеќери во крвта.
Токму поради сите овие својства многу нутриционисти препорачуваат малината (во свеж или преработен облик) да стане дел од секојдневната исхрана.
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #11 на: 13:55:19, 07.04.2010 год. »
Капина (Rubus fruticosus L. - Rosaceae)
Сите видови на овошје кои имаат темна боја - сливи, капини, грозје, ги разградуваат мастите и го јакнат имунитетот.
Капините се многу вкусни и корисни. Тие се богати со здрави состојки и антиоксиданси, кои го штитат организмот од штетното дејство на слободните радикали, кои може да предизвикаат најразлични заболувања, па дури и рак. Според тоа, капинките се природни антиканцерогени лекови. Исто така, разградувајќи ги мастите, капинките помагаат во превенцијата на атеросклерозата и кардиоваскуларните заболувања.
Капинките содржат околу 20% суви материи, од кои 6% шеќер, 0,9% белковини, 1% масти, 9% целулоза. Во 100гр. капини има 37 калории.
Содржат витамин Ц околу 24мл/100г., потоа витамини Б1, Б2... Од минералите највеќе содржат калиум, калциум, фосфор, магнезиум и железо.
Капините содржат многу поголемо количество на железо, отколку другите видови на овошје, па затоа се корисни во превенција и лекување на слабокрвноста.
Плодовите од капина го подобруваат варењето во желудникот и го јакнат слабиот желудник.



The further in you go, the bigger it gets

Отсутен noir

  • Општ Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 998
  • Пол: Машки
  • Summit or death, either way I win
    • mkdmount.org
Одг: Благодети на природата
« Одговори #12 на: 14:00:02, 07.04.2010 год. »
Шумска Јагода

Шумската јагода расте во реони на листопадни, дабови и букови шуми, на ридовите покрај шумите и покрај патиштата. Шумската јагода има поинтензивна арома од обичната јагода. Таа е многу вкусна и богата со хранливи и корисни состојки. Плодот содржи: шеќер, лимонова и винска киселина, пектини, минерали, витамини и други состојки. Плодот може да се јаде свеж, но од него се приготвува и сок, слатко, мармалад, компот, сируп и други производи. Осушените зрели шумски јагоди можат да се додават и на други врсти чај.
Како природен лек се користи плодот и листот. Плодот се собира кога е зрел, се користи свеж или се суши. Листовите се собираат додека се млади, по берењето на плодовите, со дршка до 1 см. Тие се сушат на ладовина, на провевни места, за да ја задржат бојата. Се сушат во тенок слој. Откога ќе се исушат, листовите се чуваат на ладно и темно место.
Плодот од шумската јагода е богат со многу витамини, минерали и други корисни нутритиенти. Плодовите не се само здрава храна, туку и природен лек за многу заболувања.
Плодот од шумската јагода го намалува зголемениот крвен притисок, ги намалува масните наслаги во крвните садови. Поради тоа тие, со право, се нарекуваат „чистачи“ на крвните садови и заштитници на срцето. Ја спречуваат атеросклерозата, го јакнат срцето и го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, плодовите од шумските јагоди им се препорачуваат на лицата со слабо срце, со висок крвен притисок, со атеросклероза.
Плодовите на шумската јагода ја зголемуваат и диурезата, односно го зголемуваат излачувањето на течностите од организмот, ја подобруваат функцијата на бубрезите. Со подобрувањето на фунцкијата на бубрезите и зголеменото исфрлање на течностите од организмот, плодовите го детоксицираат организмот, односно помагаат во исфрлањето на токсините.
Плодовите на шумските јагоди го подобруваат и варењето на храната. Тие се природен лек против запек, ги намалуваат тешкотиите кај чирот на дванаестопалачното црево и желудникот, лекуват скорбут.
Бидејќи плодовите од шумската се права ризница на витамини и минерали, кои се моќни антиоксиданси, тие, со право, се нарекуват и природни лекови против ракот. Антиоскидансите од плодовите на шумската јагода ги уништуваат штетните слободни радикали во организмот, кои можат да предизвикаат развој на рак.
Плодовите на шумската јагода го јакнат организмот, го зголемуваат имунитетот, па на тој начин тие го штитат организмот од многу заболувања.
Свежи плодови, земени во текот на денот во количина од 250-500 грама, многу поволно делуваат на функцијата на жолчката и кај ревматските заболувања.
Листовите на шумската јагода содржат: елагитин, флавоноиди, леукоантоцијан, танини...
Листот, поради содржината на танини е хемостиптик, односно помага за побрзо запирање на крварењето. Листот надворешно во свежа форма се користи за побрзо зараснување на раните.
Делува и вазодилататорно, односно ги проширува крвните садови и ја подобрува циркулацијата. Танините се и благи диуретици и го намалуваат крвниот притисок.
Од листовите на шумската јагода се прави вкусен чај. Тој помага при цревни инфекции и проливи, при разни желудечно-цревни воспаленија, при запек и лошо варење на храната, при ревматизам, при нервоза и несоница.
Чајот се користи и како благо диуретично средство при пореметен метаболизам на мочната киселина, при камен во жолчката, при зголемено пукање на капиларите и кај некои кожни заболувања. Надворешно може да се користи при воспаление на хемороидите и за испирање на устата (гарагара).
The further in you go, the bigger it gets

Отсутен VirtualA

  • Модератор без ресор
  • Јако момче
  • ****
  • Пораки: 196
  • Пол: Машки
  • Hakuna Matata
Одг: Благодети на природата
« Одговори #13 на: 16:21:56, 20.07.2010 год. »
Конечно ми текна да ги поставам и двете книги кои се поврзани со оваа тема, па повелете и читајте:
Прирачник за собирање на печурки и лишаи
Лековити и ароматични растенија

Отсутен b_gegov

  • Батка
  • ****
  • Пораки: 314
  • Пол: Машки
  • Blagoj Gegov
Одг: Благодети на природата
« Одговори #14 на: 16:35:00, 20.07.2010 год. »
Провери ја книгата за печурките, нешто зафркава линкот
All your children are addicts