Фејсбук група

ТОРБИЧКАТА ЗА ПРВА ПОМОШ НА ЕДЕН АЛПИНИСТ, ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ И ЛЕКАР - АЛПИНИСТ

Содржината на торбичката за прва помош секогаш зависи од медицинското познавање на тој што ја користи: „Користи го само она што знаеш како се користи“. Затоа препорачуваме три модели на прва помоѓ кои се засновани врз квалификуваноста на корисникот да ја користи нивната содржина.

Алпинистот кој поседува самоосновни медицински познавања ќе биде задоволен со основниот модел на торбичка за прва помош. Од професионалниот планинарски водич би можеле, но и би требало, да очекуваме поголемо интересирање и искуство. Тој, или таа, би требало да посетуваат курсеви на повисоко ниво, кои би им овозможиле да го користат екстензивниот модел на торбичката за прва помош.
Лекарите кои практикуваат алпинизам често се соочуваат со проблемот да состават мала, но сепак, ефективна торбичка за прва помош. Затоа ние им препорачуваме содржината на нивната прва помош да биде збир од содржината на трите торбички за прва помош кои се опишани во овој текст.
Основни критериуми за составување на торбичка за прва помош се:
- торбичката да е колку што може помала и полесна;
- да содржи неимпровизирачки инструменти (ножици, игли ...);
Лекови:
- навистина корисни и ефективни;
- со широка терапевтска сигурност;
- со стабилна галенска форма;
- никако дроги.

Мора да бидат вклучени јасни и детални упатства за употреба. Сепак мислиме дека е корисно да се додаде една инјекција со силен аналгетик во екстензивниот модел на торбичката за прва помош, и тоа од следниве причини:
- при несреќа во планина често се случува на местото на несреќата да се најде лекар или друго медицинско лице, но без прва помош.
- ваквите лекови многу брзо се апсорбираат целосно и преку уста (ставени под јазикот), а нивните ефекти се брзи и нетоксични. Затоа планинарските водачи би требало да бидат обучени да ја аплицираат содржината на инјекцијата (дрогата) токму на ваков начин, преку уста, ако веќе не знаат да ја инјектираат.

1. ОСНОВЕН МОДЕЛ (ЗА АЛПИНИСТИ)

Болка, температура
Спазмолитик
Кашлица
Настинка
Дијареа
Повраќање
Антацид (против киселини)
Очи
Усни
Дезинфекција

paracetamole - tabs
spasmolitic drugs
dihydrocodeine 25 mg retard tabs
капки за нос во пластично шишенце
loperamide caps
metoclopramide 20mg tabs
H2 - bloc(ranitidine) 300mg tabs

disinfectant + antiflammatory капки за очи
протектор за усни
polyvinylpyrrolidone cum iodo 10ml (Betadine)    

10
5
5
1
5
5
5

1
1
1

Материјал: 2 компресивни завои 5цм х 10м; адхезивен фластер; ханзапласт; алкохолни памукчиња со алкохол; 3 ланцети; 1 мала пинцета; медицински ракавици.
Детални упатства за употреба.

2. ЕКСТЕНЗИВЕН МОДЕЛ (ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДАЧИ)

Ангина пекторис
Висина


Исцрпеност, слабост
За спиење
Ампули

nitro caps
acetazolamide 500mg caps
Nifedipine 20mg retard tabs
Dexamethasone 4mg tabs
small vitamaine - glucose tabs
zolpidem, midezolam tabs
tramadole 100mg (под јазик)*

10
5
10
10
10
5
3

1 шприц за еднократна употреба од 2мл, игли за инјектирање.
Детални упатства за употреба.

3. МОДЕЛ ЗА ЛЕКАРИ

Висина
Антибиотици

Ампули
Рани
Имајте и предвид


nifedipine 10mg caps
ciproflaxacine 500mg tabs или
Co-trimohazole 160/800mg
adrenaline 1mg, шприц 1мл
игла за шиење и конец за шиење рани
инјектирачки лекови против повраќање (metoclopramide)
Инјектирачки силни аналгетици (ketamine)
Midazolam amp (1ml, 5ml/ml)

5

5

Прифатено од Medcom, UIAA во Интерлакен 1997.
(Адаптирал Светозар Антовиќ - потпретседател на Асоцијацијата за спортско качување)
* Внимание! Овие таблети можат да предизвикаат проблеми со дишењето и треба да се даваат со големо внимание, ако може од лекар.

Напис објавен во списанието „Корав“
17.02.2008


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Мустаг Ата 2009

Бегово поле 2010

Се ближи Забавата на Бегово, 18-20 јуни 2010г ...

Титов врв 2010

Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово во деновите 29 и 30 Мај ...

ФЕСТИВАЛ ЗА УЖИВАЊЕ И ЗДРАВ ЖИВОТ „ДА ШАРАМЕ ПО ШАРА“ - Попова Шапка 2010

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани